htc-blinkfeed

BlinkFeed е функција првпат претставена на и дел од HTC Sense корисничкиот интерфејс. Истата, во листа направена во форма на слики со различна големина, ви ги прикажува најновите објави од вашите социјални мрежи, настани во календарот, музика и содржина од други извори. Со издавањето на API алатка од страна на HTC, програмерите ќе може да додадат поддршка за BlinkFeed на своите апликации.

BlinkFeed, досега достапен само за корисниците на HTC паметни телефони со соодветната верзија од HTC Sense, наскоро ќе биде достапен за сите корисници на Android оперативниот систем. Корисниците ќе може да го симнат во форма на апликација кој што ќе го замени стандардниот Launcher на апликации. Информацијата доаѓа од известувањето за медиумите издадено од HTC за претставувањето на нивниот најнов модел One (M8).

Следејќи ја популарност кај HTC корисниците, HTC ќе го направи HTC BlinkFeed достапен на другите Android уреди, со достапност во Google Play Store naskoro – HTC

Ова е добар начин за претставување на посебните можности што ги нудат производителите на своите корисници на корисниците на други уреди, а со тоа да ја зголемат шансата некој од нив својот нареден телефон да го купи од таа компанија. Отвореноста на Android оперативниот систем го овозможува овој начин на работа и е меѓу главните работи кои што го прават најпопуларниот и најмногу користен оперативен систем на пазарот.

Претходна статијаЛетечки ветерни турбини за производство на електрична енергија
Следна статијаApple патентира концепт за транспарентни пораки – пишувајте пораки додека сте во движење
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.