Brave интернет прелистувачот е еден од повеќе популарните, иако не постои долго време. Направен на основа на Chromium отворениот код, својата популарност ја влече од угледот на можеби најмногу приватниот прелистувач, иако неколку пати имаше „предизвикување“ на ова тврдење.
Една од заштитите на приватноста која ја овозможува Brave е заштитата од таканареченото „fingerprinting“. Ова е понапреден начин на следење на корисниците од колачињата, на пример, кој прави еден вид на означување на корисникот врз основа на неговиот прелистувач, додатоци, оперативен систем, компјутер, резолуција на екранот и слично.
Brave моментално нуди две нивоа на заштита од fingerprinting, Standard и Strict. Повеќето корисници го користат стандардниот режим, а во главно поради тоа што строгиот прави да повеќето веб страни делумно или целосно не функционираат.
Како што истакнуваат од компанијата, само 0,5% од корисниците го користат строгиот режим, а тоа интересно ги отвора повеќе на можноста од fingerprinting.
Поради овие неколку причини, а и трошењето на ресурсите непотребно и тргањето на вниманието од останатите функции, Brave се одлучи да го тргне строгиот режим, па да остане само стандардниот, односно корисниците веќе нема да бираат кој да го користат.
Оваа промена може да се очекува за неколку месеци, а сега е дел од „nightly“ верзиите од Brave.
Ова не влијае на водечките во индустријата заштитни способности на Brave за „fingerprinting“ за корисниците. Наместо тоа, ќе ни овозможи да се фокусираме на подобрување на заштитата на приватноста во Стандардниот режим и да избегнеме проблеми со веб-компатибилноста.“ – истакнуваат од Brave.