Brightest Flashlight е популарна апликација за Android симната повеќе од 50 милиони пати и е достапна во продавницата за апликации Play Store. Нејзината намена е многу едноставна, вашиот уред го претвора во батериска ламба, преку вклучување на flash светлото од камерата или било кој друг дел што има осветлување.
Од страна на Американската асоцијација за трговија (FTC – Federal Trade Commission) беше откриено и објавено дека оваа апликација непотребно има привилегии до вашата локација. Поточно компанијата која што стои позади развојот на апликацијата, GoldenShores Technologies, врши собирање на локацијата на корисниците, како и уникатен број за идентификација на уредот, информации кои што потоа ги продава на трети страни, вклучувајќи и маркетинг агенции. Исто така откриено е дека иако апликацијата нуди можност да го исклучите пристапот до вашата локација, информацијата сепак ја испраќа пред исклучувањето.
Договорот што го имаат постигнато FTC и GoldenShores компанијата наложува сите податоци до сега собрани да бидат избришани, а понатаму да биде овозможена поголема контрола околу информациите кои што апликацијата ги собира.
Линкот до конкретната апликација, доколку сакате да проверите дали ја користите е следниот.