OpenAI ја пушти за сите корисници својата прва ChatGPT десктоп апликација минатата недела. Истата како што беше и најавено прво е достапна за корисниците на macOS, по што до крајот на годината може да се очекува и на Windows.
Нешто слично како што беше случајот со Recall функцијата кај Windows 11, дел од Copilot+ функциите, ChatGPT апликацијата ги чува своите податоци на компјутерот, конкретно разговорите, во обичен текст формат.
Поради тоа истите им стануваат лесно достапни на корисниците кои имаат пристап до компјутерот, како и на малициозните апликации кои потенцијално корисникот може да ги има.
Пример за тоа колку лесно се пристапува до разговорите преку друга апликација прикажува Педро Хосе Переира Вието преку неговиот Threads профил.
Post by @pvieitoView on Threads
По реакцијата на The Verge до OpenAI, од компанијата веднаш пуштија надградба на ChatGPT апликацијата, па податоците сега се шифрирани и до нив не може да се дојде, барем не така лесно.
OpenAI можеле да ја направат својата апликација достапна преку App Store на macOS, нешто што ќе овозможеше да истата мора да ја користи „sandboxing“ технологијата. Со тоа апликациите се дополнително заштитени, како и податоците на корисниците.
Сепак, ChatGPT е достапна преку страната на OpenAI, со што дел од ваквите ситуации се дополнително можни.