Два месеци по пуштањето на својата официјална ChatGPT апликација на iOS, OpenAI сега конечно ја пушти својата апликација и на Android. Корисниците на оваа платформа веќе нема да мора да ја користат алатката само преку прелистувач или да ризикуваат и да користат некоја од многуте „алтернативни“ апликации кои не се од OpenAI.
Апликацијата овозможува интеракција со вештачката интелигенција исто како преку десктоп, а корисниците можат да ја користат и својата платена сметка и да ги добијат истите предности.
Доколку некој се’ уште нема креирано сметка, истото може да го направи преку апликацијата.
За потсетување, ChatGPT овозможува поставување на прашања со нормален разговор како со човек, по што се добива одговор врз основа на информациите кои се достапни на интернет, односно на алатката.
Кратко кажано, ваквите алатки се одличен начин за пребарување за нешто на интернет, без потреба од сопствено истражување и отворање на повеќе веб страни и нивно читање.
Дополнително, ChatGPT може да креира содржина, да прави проверка на код и многу повеќе.
Апликацијата е достапна во Play Store на овој линк.