За обично разгледување на PDF датотеките одамна веќе не е потребно да се инсталира посебна апликација. Повеќето прелистувачи имаат вграден читач, па за кратка работа тоа е и повеќе од доволно.
Оваа карактеристика на прелистувачите сепак е достапна во главно на десктоп, па Google Chrome конечно ја добива и кај својата мобилна апликација.
Функцијата е достапна со најновата верзија од Chrome за Android, па ќе мора да се ажурира апликацијата доколку не е, за да може да се користи. Според информациите, оваа новина можно е да е достапна само на Android 15, а истата се тестира уште од минатата година.
Сега, кога на некоја веб страна ќе се притисне на PDF документ, наместо истиот да биде симнат и да се побара со која апликација да се отвори, тој ќе се отвори директно во Chrome.
Како и на десктоп, достапни се и неколку можности за измена на документот, односно функцијата не овозможува само прегледување.
Со притискање на иконата со пенкалце со добиваат можности како пишување текст, подвлекување, избор на бои, бришење на делови и слично.