Фото: Shutterstock.com

Google работи на подобрување на моментално достапната функција кај Chrome која ги известува корисниците кога некоја од нивните лозинки е дел од хакирани дата бази, односно е пробиена.

Очекувано, подобрувањето доаѓа со помош на вештачката интелигенција и истата на корисниците ќе им овозможи автоматска промена на лозинката, нешто што сега корисниците треба да го направат сами по добивање на известувањето. 

Доколку Chrome забележи дела лозинката на корисникот е пробиена, прелистувачот ќе им предложи истата да биде автоматски променета и зачувана во Password Manager од Google, односно корисникот нема да треба да направи ништо повеќе од притискање на едно копче. 

Процесот на генерирање на новата лозинка ќе биде шифриран, што значи дека корисниците не треба да се плашат дека некој во Google ќе може да ја види. Исто така, претпоставувам дека овој процес ќе функционира преку јазичните модели кои можат да работат директно од уредот на корисникот. 

Оваа новина моментално е дел од Canary верзијата од Chrome, а и во таа верзија треба посебно да се вклучи. Со вклучувањето се добива и ново мени кое е замислено да има функции кои се направени со вештачка интелигенција.

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаЕлон Маск сака да ја купи OpenAI и наводно веќе е дадена официјална понуда
Следна статијаBoom Supersonic објави дека тест летовите кои ги имаат направено ја надминуваат брзината на звукот без познатиот звучен удар
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.