cider-logo

Можеби ќе прашате зошто некој би сакал да користи апликации од еден оперативен систем на друг, кога обично апликациите доаѓаат во свои верзии за повеќе оперативни системи. Исто така се повеќе стануваат популарни алатки кои овозможуваат една апликација да биде програмирана еднаш и да може лесно да биде прилагодена да работи на повеќе оперативни системи. Сепак не сите апликации доаѓаат со верзија за неколку системи, а iOS е се’ уште оперативниот систем на кој што се претставуваат ексклузивни нови апликации за кои што се чека месеци, а некогаш и повеќе за тие да бидат претставени на Android на пример.

Имајќи ја оваа ситуација на ум, шест студенти од Колумбија Универзитетот имаат развиено софтверска архитектура која што овозможува апликации од iOS да работат на Android оперативниот систем. За таа цел тие го имаат развиено Cider, кој што во основа успева да ги „излаже“ апликациите да „мислат“ дека работат на нивниот основен оперативен систем, иако се наоѓаат на друг кој што работи на друг кернел.

Проектот е во почетна фаза, па обичниот корисник не може се’ уште да го користи. Од видеото можете да видите дека апликациите иако успеваат да работат исто како да се инсталирани на во случајот Nexus 7 таблет компјутерот, тие се прилично бавни и не се спремни за секојдневна употреба. Исто така во оваа фаза тие не може да се поврзат до одредени ресурси на уредот, како што е GPS чипот, мобилната мрежа и слично.

Повеќе за проектот, односно за начинот на кој што студентите го имаат постигнато ова можете да прочитате на нивната страна.

Извор: Engadget

Претходна статијаРабота со две апликации во исто време на iPad ќе биде воведена во iOS 8 ?
Следна статијаДостапна првата надградба за Windows Phone 8.1, исправа багови и ја подобрува работата на батеријата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.