На Windows Phone продавницата постојат многу апликации кои можат да послужат како часовник, аларм или стоперка. За да се избегне инсталирање на одделни апликации кои имаат само една и единствена функција, секогаш е подобро да се најде една апликација што ќе ги овозможи сите тие временски функционалности. Пример за тоа е одличниот мултифункционален часовник наречен како Clock O’ Matic.
Што сѐ е вклучено и ќе овозможи овој мултифункционален часовник? Она што Clock O’ Matic го прави да биде посебен е тоа што вклучува сѐ што е потребно од временските функции како што е часовникот, алармот, стоперката и тајмерот.
Интересните детали кај Clock O’ Matic се можноста за променување на стилот на часовникот (аналоген или дигитален) и позадината на интерфејсот на повеќе начини. Исто така овозможено е побрз пристап кон самата апликација преку нотификација која секогаш стои во делот за нотификации во самиот оперативен систем.
Покрај сите овие можности, она што Clock O’ Matic ги привлекува луѓето е дизајнот кој е целосно минималистички и навистина изгледа одлично. Составен е од дизајнерски елементи на Android 5.0 и стандардниот „метро“ дизајнерски јазик кој е дел од сите апликации за Windows Phone.
Clock O’ Matic е целосно бесплатен и е достапен само за Windows Phone платформата.