cm-browser-f

Покрај постоењето на гигантните веб прелистувачи Chrome, Firefox, Opera и Dolphin, навистина е тешко да се привлечат корисниците да пробаат нешто ново и подобро споредено со оние прелистувачи кои владеат на продавниците за апликации според бројката за тоа колку пати се преземени, односно да го привлечат вниманието на корисниците. Вистинскиот и можеби единствениот конкурент на гигантите е CM Browser кој доаѓа од добро познатиот кинески провајдер и развивач на мобилни алатки Cheetah Mobile.

CM Browser е ултра лесен, брз и сигурен веб прелистувач кој е богат со можности кои можеби другите прелистувачи ги немаат. Тежи неверојатни 5 мегабајти, отворањето на веб страници е брзо дури и на уреди од ниската класа и е цврсто сигурен. Сите овие клучни карактеристики го сочинуваат фокусот и визијата на самата компанија за тоа како нивниот прелистувач треба да изгледа и функционира. Може да се каже тоа го реализираат на најдобар можен начин.

cm-browser-screens

Претходно спомнавме дека сигурноста е главен дел од тоа што овој веб прелистувач е фокусиран и е можеби најважното нешто покрај брзината и ниското искористување на хардверот кој со сигурност CM Browser може да го понуди. Прелистувачот доаѓа со целосна fraud и download заштита која ќе ве штити од измами и вируси.

Преземете го CM Browser директно преку Google Play Store.

Претходна статијаInMind – виртуелно опкружување за Oculus Rift го прикажува работењето и изгледот на мозокот
Следна статијаGoogle објаснува како американските корисници да го вратат Google како главен пребарувач во Firefox