Мобилните телефони доаѓаат со стандардни апликации за менаџирање на вашите контакти, како и правење повици и праќање на SMS пораки. Тие се едноставни и доволно добри за намената за која што се направени. Меѓутоа во денешно време кога сите ние користиме повеќе социјални мрежи, комуницираме со различни контакти, тие едноставни и функционални апликации може да не се доволни за напредниот корисник.
Contacts + е апликација наменета да ги замени стандардните апликации за контакти која што има многу поголем број на функции. Истата покрај прикажувањето на стандардните информации, како телефонскиот број на контактот, неговата email адреса и слично, има можност за поврзување со вашите сметки на социјалните мрежи и да ги прикажува информациите од нив. Така кога ќе ги отворате вашите контакти нема веќе да ги гледате нивните основни информации, туку нивните слики поставени на социјалните мрежи што ги имате поврзано, нивните најнови објави на нив, мапа со нивните локации и многу повеќе. Во основа Contacts + ќе почнете да ја користите наместо People и Dialer апликацијата на Android, а достапна е и на iOS. Преку оваа апликација можете да ги проверувате и примените SMS пораки, примените и направените повици.
Карактеристики на Contacts + :
- Ги прикажува вашите контакти од телефонот, како и контактите на сите поврзани сервиси, како Google, Facebook…
- Ги прикажува сликите на вашите контакти од социјалните мрежи
- Се поврзува со Twitter, Facebook, Google+, LinkedIn, FourSquare и други и од нив ги повлекува достапните информации со што без посебно отворање на нивните апликации, можете да ги следите најновите објави од вашите пријатели, нивните промени во контакт информациите, родендени, активности, слики…
- Можност за измена на контактите
- Детектирање на исти контакти и нивно спојување
- Вграден Dialer и SMS за целосно користење на апликацијата во комуницирањето
- Врши синхронизација на контактите, па направените промени ќе ги имате и на другите уреди (контакти како на пример, Google или Outlook)
- Потсетник за родендени
- Избор на теми и начин на прикажување на сликите
- Верзија оптимизирана за мобилните телефони и таблет компјутери
- Можност за прикажување на сите контакти, означени или најмногу користени
Ова претставува одлична апликација која што нуди повеќе од обично чување на броевите на вашите контакти. Contacts + можете да ја симнете од продавниците за апликации на Android и iOS или на следните линкови.