iphone-cortana

Сите кои имаат iPhone и Windows 10 компјутер, наскоро ќе можат да ја користат Cortana и на својот телефон, нешто што Microsoft го подготвува подолго време. Веќе е достапна и првата бета верзија, но само за ограничен број на корисници.

Интересно, Cortana е еден од главните конкуренти на Siri на Apple, но самата интеграција со Windows 10 на вашиот компјутер, ја прави покорисна за повеќето корисници. Во моментов, Cortana е достапна и за Android оперативниот систем и е еден од сервисите кои Microsoft сака да ги има на буквално сите платформи.

Во моментов, за да ја користите бета верзијата на Cortana, треба да сте од Кина или САД, потоа ќе мора да се пријавите на специјална страница и да пополните анкета и потоа да се надевате дека Microsoft ќе ви дозволи инсталирање. Можеби делува претерано ограничувачки, но ова очигледно кажува дека апликацијата се уште не е спремна за сите да ја користат.

Исто така, апликацијата не е интегрирана во iOS оперативниот систем како што е Siri на пример, односно нема да може да ја повикате гласовно со познатата “Hey Cortana” команда. Сепак и ова е некаков почеток, а конкурентите, меѓу кои погоре споменатата Siri и Google Now, се достапни само на своите платформи, па затоа и не може да и се земаат овие работи за зло.

Извор: The Verge, The Next Web

Претходна статијаNEXT – Концепт за автоматизиран јавен транспорт во кабини
Следна статијаNissan претстави концепт за луксузно автономно возило