Во време каде сите зависиме од агрегатори на информации, иронично е тоа што многу малку од апликациите на онлајн продавниците служат да не подучат. Најдобрата актуелна апликација за едукација е Coursera, поради тоа што е едноставна, а сеопфатна. Апликацијата има едноставен изглед со малку команди на екранот. Постои опција за пребарување на курсеви кои ве интересираат а можете да пребарувате и по категории на едукација.

Coursera е прилично револуционерна поради тоа што опфаќа не само науки и студии, туку и хобија, вклучувајки конкретни курсеви за користење на компјутерски програми, рецепти за готвење, светска историја и така натаму. Така да, ако случајно сакате да научите како да програмирате во Java, а истовремено ве интригира древна Грчка митологија, апликацијата ќе ви излезе во пресрет.

2-1

Интересно е тоа што апликацијата е направена со намера да едуцира и помогне на сите, безусловно, така да е сосема бесплатна, а нејзините извори се безбројни. Апликацијата ве поврзува со видеа, слики, текст и аудио лекции од целиот свет, од универзитети, професори, па дури и личности кои приватно се занимаваат со создавање на туторијали. Апликацијата навистина одлично ја поддржува идејата дека интернетот служи за бесплатно да се прошири јавното знаење меѓу сите кои би сакале да научат.

За жал, апликацијата не нуди никакви официјални курсеви кои би ви служеле за цел да се сертифицирате во некоја наука, но сепак, сметајте дека тоа не е нејзината намена. Coursera е апликација која секој би требало да ја има и активно користи затоа што без разлика каде сте и што правите, можете да направите време за по некоја лекција. Не знаете кога и како овие вештини ке ви послужат, но навистина е неверојатно тоа што целото знаење на целиот свет го имате во вашиот џеб.

Coursera е веќе одреден период достапна во iOS продавницата, а сега конечно можете да ја симнете и на Android.

coursera-android-qr

 

Претходна статијаПретставен Windows 8.1 Update, ќе биде достапен за корисниците на 8-ми Април
Следна статијаAmazon го претстави Fire TV, мал Android уред за видео стриминг и играње игри