Cubly3d 2

Денес на репертоарот имаме уште една македонска апликација за Android, и тоа не било која туку првата 3Д македонска игра за мобилни уреди.

Играта се вика Cubly 3D и е изработена во аркаден стил од страна на CL Games. Таа вклучува 3Д графика и опкружување и е одлично изработена. Во играта имате карактер кој го движите со притискање со прстите лево или десно по екранот. Со човечето можете да фрлате секири кон разни летачки предмети (со стискање во горниот дел на просторот кој поттикнува фрлање на секира), меѓу кои најчести се округлести даски со мета во нивниот центар. Дополнително, околу вас паѓаат бомби, златни парички и разни други предмети.

Првите нивоа се доста лесни, но тежината на играта постапно се зголемува како што играте понатаму, па таа се претвора во брза акција во која треба да се сконцентрирате и да се снајдете за да не го загубите карактерот. Ова ја прави навистина интересна и заразна.

Cubly3d

Целта на играта е да ги откриете 5-те карактери кои имаат различни оружја и со нив да ги поминете сите нивоа. Вие можете да ги развивате карактерите со најразлични помагала (т.н. power-ups), а како што освојувате повеќе бодови се искачувате на ранг листата (за ќе морате да направите бесплатно корисничко име или да се логирате со Фејсбук сметката).

Играта е бесплатна, а ако сакате можете да купите златни парички внатре со користење на вистински пари. Со било кое купување вие станувате Премиум член и за вас рекламите се гасат, а ќе добиете и уште едно екстра помагало (power-up). Па што чекате? Инсталирајте ја и освојте го првото место на ранг листата!

Извор: Google Play Store – Cubly 3D

Претходна статијаПрилепска Пивара избира најдобра Златен Даб Android апликација
Следна статијаTAG Heuer, Google и Intel објавуваат соработка за швајцарски „Smartwatch“