Screenshot 2015-07-02 13.03.00

Тимот кој што стои зад развојот на најпознатиот Android алтернативен ROM, најави дека развиваат и сопствен интернет прелистувач за оваа платформа. Прелистувачот го носи името Gello и е направен на основа на Chromium кој што е со отворен код.

Android платформата има голем избор на алтернативни прелистувачи, а Chrome на Google исто така е еден од најпопуларните. Колку има простор за дополнителни прелистувачи е прашање, меѓутоа со оглед на тоа што CyanogenMod има огромен број на корисници, а на тоа треба да се додадат и тие на Cyanogen OS, сигурно овие корисници би биле отворени за користење на Gello.

Фактот што е направен на основа од Chromium значи дека може да се очекуваат одличните перформанси карактеристични за овој прелистувач.

Сепак, Gello ќе биде надополнет со поголема бројка на додатни функции кои што ќе го издвојат до некаде од основниот прелистувач. Повеќе информации за тоа што се ќе биде достапно на Gello се’ уште нема, а исто така не е познато ни кога може да се очекува достапноста на самиот прелистувач.

Од CyanogenMod имаат пуштено демо видео кое што покажува дел од функциите на Gello, односно како ќе изгледа, што ќе има вклучено, барем во оваа фаза од развојот.

Од видеото може да се види дека прелистувачот ќе доаѓа со стандардната тема карактеристична за Chromium, ќе нуди можност за листа за читање и слично. Може да се забележи дека Gello вклучува интересни анимации при вклучување на менијата, па може да се очекува тој да биде доста добро развиен до неговата финална или за почеток и бета верзија.

Извор: Android Police

Претходна статијаP2P L: Демократизирање на финансискиот свет?
Следна статијаGirls in Tech Macedonia стартува со мисија да мотивира што повеќе жени во ИТ
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.