При крајот на минатиот месец, Mozilla ги претстави првите Услови за користење на нивниот Firefox прелистувач, како и измени во политиката за приватност. Реакциите беа доволно големи за Firefox да биде во центарот на случувањата изминатите денови, а сега се поставува прашањето дали од организацијата веќе нема да се водат од досегашните принципи за приватност на корисниците.
Главното внимание го привлече сега веќе прилагодената реченица според која изгледаше дека Mozilla си дава право на користење на се што корисникот ќе напише или прикачи преку Firefox.
Подоцна, од организацијата објаснија дека се работи за добивање право на користење за целите да направат тоа што корисникот го бара, но работите не се подобрија многу после оваа промена.
Уште полошо, во ажурираната верзија од политиката на приватност се тргнати деловите во кои стриктно се истакнува дека Mozilla не ги продава податоците на корисниците.
Објаснувањето е дека со промената на законите, терминот продажба на податоците е доста проширен, па од организацијата само се обидуваат да бидат што е можно појасни за своите практики.
Сепак, останува нејасно дали Mozilla планира одредени промени во стилот на работа, а со цел подобра заработка, па ќе мора да почекаме да ги видиме сите анализи на оваа тема.
Со свој коментар се вклучи и ко-основачот и директор на Brave прелистувачот кој е и поранешен ко-основач на Mozilla и Firefox.
Видеото во продолжение добро ги објаснува промените кои беа направени, како и можното нивно значење.