Достапноста на мали игри и апликации кои се „вградени“ директно во Discord во периодот што следи може да се очекува доста да се зголеми. Од компанијата ја отвораат можноста за развој на овие игри и апликации за сите програмери, а не само за ограничен број од нив како што беше досега.

Discord ја најави новата Embedded App SDK алатка преку која програмерите ќе можат да ги развиваат своите игри и апликации. Истите се „вградуваат“ во Discord едноставно преку „iframe“, што значи дека овие апликации и нема директно да влијаат на големината и перформансите на главната апликација.

Достапноста на новата алатка е најавена за 18 март, по што програмерите ќе можат да почнат со развојот на своите игри и апликации. Резултатот на ова сигурно ќе биде доста голем број на мини игри, а може да се очекуваат и одреден број на корисни мали апликации.

За корисниците кои се често на Discord оваа новина можеби ќе придонесе до зголемување на корисноста на апликацијата, па ќе видиме.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Discord
Претходна статијаTikTok изгледа планира да претстави конкурент на Instagram
Следна статијаApple дозволи инсталација на апликации директно од веб страни за корисниците во Европската Унија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.