Апликацијата која што би сакале да ви ја препорачаме денес е уште една од се поголемиот број на македонски апликации. Во овој случај се работи за едноставна, но многу интересна и заразна игра за Android платформата.
Играта е наречена Dodge Hero и можете да ја симнете од Play продавницата за апликации бесплатно, со можност за доплата во самата апликација за додатоци.
Играњето е направено едноставно. Вашиот карактер кружи околу кругот кој што е основата на играта, по што на неговиот пат се појавуваат пречки во форма на блокови. Со притискање на било кој дел од екранот, блоковите потскокнуваат, а вие треба да се погрижите тоа да го направите во точниот момент за вашиот карактер да помине под нив, односно да не биде прерано или предоцна.
Како што успевате да ги избегнете блоковите, тие се појавуваат се почесто на различни позиции, па и еден до друг, па играта станува доста потешка.
Се работи за оној вид на игри кои што нема да можете да престанете да ги играте. Колку повеќе успевате да ги одбегнете блоковите, толку повеќе сакате повторно да се обидете кога од невнимание ќе го удрите карактерот во некој од се почестите блокови.
Dodge Hero можете да ја симнете од Play Store или преку следниот линк.