Една од работите кои што беа најавени на претставувањето на Windows Phone 8.1 беше можноста за менување на Lock екранот преку избор од разни теми. Темите ќе овозможат да на различен начин ги прикажете достапните информации, како што се часот, датата и нотификациите, како и различни анимации кога го отклучувате екранот. По најавата на оваа можност, истата не се споменуваше многу, а по претставувањето на Windows Phone 8.1 Preview for Developers таа не беше достапна.
После неколку месеци, односно овој месец Joe Belfiore конечно најави дека функцијата ќе биде достапна како посебна апликација и истата ќе биде достапна во бета верзија наскоро. Апликацијата е наречена Live Lock Screen и е достапна во продавницата за апликации за корисниците на Windows Phone 8.1. Во оваа верзија, односно бета, достапни се само 6 различни теми од кои што ќе можете да добиете претстава како ќе функционира оваа апликација. Се разбира со тек на време ќе станат достапни многу повеќе теми, со што ќе се овозможи навистина интересно уредување на lock екранот. Апликацијата функционира многу едноставно, избирате една од достапните теми, како и слики кои што ќе бидат користени како позадина, а можете да ги користите сликите од Bing и можете да го проверите вашиот lock екран.
Апликацијата можете да ја симнете од продавницата за апликации или преку следниот линк.