Фото: Shutterstock.com

Почнувајќи од 2025 година корисниците ќе можат да користат „драјвери“ за печатари кои се од Microsoft. Од компанијата веќе нема да ги додаваат овие мали софтверски додатоци од трети страни, односно од производителите на печатарите.

Microsoft веќе нема да ги сертифицира и прифаќа „драјверите“ од компаниите, па печатарите ќе функционираат само преку неколку од Microsoft.

Производителите ќе можат да продолжат да овозможуваат сопствен софтвер, но тоа нема да можат да го прават преку Windows Update. Користењето на оваа функција од Microsoft овозможува побрзо инсталирање на „драјверите“, веднаш по вклучувањето на уредот, наместо симнување од страната на производителот и инсталирање.

Оваа одлука Microsoft ја има донесено во главно поради безбедносни причини, па истакнуваат дека компјутерите би биле побезбедни на овој начин.

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаУште само седум дена до најдобриот Weekend во годината
Следна статијаСопственикот на правата на брендот Nokia, HMD Global, најави претставување на сопствен бренд на мобилни
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.