Blog-Screenshot-Mock1

На вчерашниот настан на кој што Dropbox ја претстави Mailbox апликацијата за Android, покрај другите работи, претстави и нова апликација достапна за iOS и Android уредите. Се работи за Carousel, апликација наменета за организирање на вашите слики и видеа кој што се наоѓаат во вашата Dropbox сметка и на вашиот уред. Сите нови слики и видеа автоматски ќе бидат зачувани на Dropbox. За користење на апликацијата потребно е да се најавите со вашата Dropbox сметка, а доколку немате ќе треба да креирате.

Carousel има модерен дизајн, што значи дека истата е едноставна и работи брзо без никакви проблеми. Сликите се организирани според време, дата и настан и се прикажани во различна големина во соодветната листа. На долниот дел од апликацијата се наоѓа лента на која што се прикажани години од кои што имате слики, па со едноставно нејзино повлекување можете брзо да видите слики од пред повеќе години. Навигацијата низ апликацијата, односно нејзиното користење е многу едноставно, а кога ќе отворите некоја слика враќањето во листата се прави со притискање на сликата, па нема потреба од back копчето.

Покрај можноста за разгледување на сликите и видеата, апликацијата нуди можност за нивно споделување. Кога ќе споделите некоја слика истата е додадена во посебна листа на споделени слики преку која што можете да разменувате пораки со личноста со која што ја имате споделено сликата. Исто така и другите може да споделуваат слики со вас, а тие слики можете да ги додадете како дел од вашата галерија.

Carousel е достапна за бесплатно симнување во App Store за iOS уредите и во Play Store за Android и можете да ја симнете преку следните линкови.

 carousel-android-qr

carousel-ios-qr

 

Претходна статијаSkyActiv-G Generation 2 високо ефикасен мотор од Mazda
Следна статијаСо нови чипови до тројно побрз безжичен интернет
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.