Сервисот за виртуелна меморија Dropbox, за корисниците на Android оперативниот систем од сега ќе понуди можност за скенирање и сочувување на документи. Скенирањето ќе се врши со едноставно користење на камерата, потоа сликата ќе може да се корегира со ротирање или сечење, за конечно да се зачува во PDF формат.
Ваквата алатка беше достапна за корисниците на iOS уште од јуни минатата година, а корисниците на најкористениот оперативен систем, допрва ќе ја добијат. Дополнително, корнисниците на бизнис пакетот на Dropbox ќе имаат пристап до уште една корисна алатка, можноста за пребарување на одреден збор во скенираниот текст со помош на оптичко препознавање на знаци (optical character recognition- OCR).
Опцијата за скенирање на документи е веќе одамна достапна кај конкурентските апликации како Google Drive и Microsoft OneDrive. Очигледно е дека Dropbox се обидува да ги стигне своите конкуренти со вметнување и на други практични подобрувања. Со новото софтверско надополнување суб-апликациите како Paper ќе бидат достапни и offline, слично како што е случајот со Google Docs и Microsoft Word.
Извор: VentureBeat