posemo2

На почетокот од 2012 година Facebook има направено експеримент на повеќе од 600.000 од своите корисници со цел да го открие влијанието на типот на објавената содржина на расположението на корисниците. Поточно, со измена на листата на новости, од Facebook ги имаат нагласувано позитивните постови за едни корисници, додека негативните постови за други корисници. Експериментот е направен на корисниците на англиската верзија од Facebook врз основа на скенирање на зборовите кои што се употребуваат, односно врз основа на употребата на позитивни или негативни зборови.

Овој експеримент предизвика разбирливо огромен број на негативни реакции во јавноста, како за нарушување на приватноста на корисниците, така и за етичката оправданост на целата работа. Меѓутоа една програмерка решава да направи интересна екстензија за Chrome прелистувачот, со која што како што вели ја враќате контролата врз вашите емоции.

Зошто Zuckerberg да решава како се чувствувате ? Вратете ја контролата. Искористите го истражувањето на Facebook да манипулирате со вашите емоции под ваши услови. – Lauren McCarthy

closeup3

Екстензијата, достапна во продавницата за апликации на Chrome, е составена од четири типови на емоции чие што сакано ниво го местите преку слајдери. Така, можете да изберете дали сакате да бидете повеќе или помалку позитивни, емотивни, агресивни или отворени. Изборот на нивото од овие емоции потоа треба соодветно да ја филтрира содржината која што ќе ја гледате на вашата листа со новости на Facebook.

Извор: Chrome Web Store, The Guardian, Lauren McCarthy

Претходна статијаНова реклама од Samsung, ги исмејува корисниците на iPhone за нивната слаба батерија
Следна статијаGoogle почна да трга линкови од нивните резултатите врз основа на европското „Право да бидете заборавени“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.