Се работи за супер бесплатна корисна апликација со која ќе можете на најлесен можен начин да ги споите сите оние фотографии кои можеби ви останале во сеќавање или пак кои се стриктно поврзани со вашата работа и слично. Ако сте Windows 8.1 корисник, не трудете се да барате нешто што е подобро од El Collagero.
El Collagero e навистина многу моќна алатка за правење колаж на фотографии без разлика на нивниот тип. Оваа алатка моментално се смета за можеби најдобррата која воопшто е достапна за модерниот Windows 8.1 оперативен систем.
Овозможува креирање на колажи во различни форми според вашиот вкус, можност за ротирање, поместување, променување на големината на фотографиите и додавање текст на нив и уште еден куп различни опции. Самата апликација содржи голем број на темплејти и позадини кои се идеални за колажите во зависност на бројката на фотографии. Сите овие клучни карактеристики создаваат ситуација во која што El Collagero нема конкуренција.
Покрај сите овие одлични можности, мора да се спомне и брзото и едноставно споделување на колажот на повеќе начини благодарение на Windows 8.1 што овозможува со само два-три клика сето ова да биде извршено. Исто така колажот може да биде зачуван директно на вашиот компјутер во jpg или png формат.
Од корисничка гледна точка, El Collagero е многу лесна алатка за користење. Се што треба да направите е да изберете форма или темплејт од колекцијата и да започнете со креирањето на вашиот колаж на брз и едноставен начин.
Преземете ја El Collagero алатката од Windows Store.