emoji-ios-screens

Апликации преку кои што можете да комуницирате со вашите пријатели, може слободно да се каже дека веќе ги има и повеќе од доволно. Тука се Facebook Messenger, Viber, WhatsApp, Skype, како и уште неколку помали, но популарни апликации кај одреден дел од корисниците. Можеби поради овој факт и може да се очекува дека програмерите ќе почнат да претставуваат и апликации кои што се разликуваат од овие стандардни, па ќе почнеме да гледаме апликации како Yo, на пример, која што нуди можност за комуникација преку користење на само еден збор.

Emoji е апликација за iOS корисниците која што овозможува комуницирање само преку користење на emoji иконите, па дури и вашето име во неа мора да е направено од нив. Тоа значи дека ќе биде малку потешко да ги распознаете вашите пријатели, поради тоа што нивното име или презиме не е истакнато никаде во апликацијата.

Emoji беше најавена на почетокот од летото кога беше дозволено регистрирање и резервирање на кориснички имиња. Веќе се резервирани доволно кориснички имиња, па новите корисници ќе мораат да го направат своето со најмалку три emoji икони.

Комуницирањето со користење само на emoji икони дефинитивно може да претставува интересен концепт. Меѓутоа тешко е да се верува дека некој би сакал да ја користи оваа апликација како главна за комуницирање. Бројот на emoji икони е огромен, што изборот го прави потежок, а исто така разбирањето на комбинацијата од икони, сигурно ќе претставува проблем до одреден степен.

Моментално апликацијата е достапна само за корисниците на iOS, а дали и кога ќе биде направена Android верзија не е познато. Доколку би сакале да ја пробате, Emoji е достапна во продавницата за апликации или преку следниот линк.

Извор: 9to5Mac, Mashable

Претходна статијаJolt e сензор за глава што ќе бележи контузии кај млади спортисти
Следна статијаIFTTT сервисот ќе се користи и на Internet of Things уредите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.