IntroducingMentions_1

Можеби Facebook се’ уште е најпопуларната социјална мрежа на која што скоро нема некој кој што нема направено профил, вклучувајќи ги и познатите личности. Меѓутоа кога се работи за комуникација со своите фанови, познатите личности, односно актерите, спортистите, музичарите и други, повеќе го користат Twitter. Слободно може да се каже дека со апликацијата која што ја претстави оваа недела, Facebook се обидува да ја зголеми популарноста на својата мрежа кај познатите личности, односно да ја зголеми нивната комуникација со фановите преку мрежата.

Facebook Mentions е iPhone апликација која што на почетокот ќе биде достапна само за верификуваните профили и страни на Facebook на познати личности од САД. Преку оваа апликација познатите личности ќе можат полесно да комуницираат со своите фанови, да ги следат нивните коментари, да одговараа на нив, да објавуваат слики и видеа, како и да добиваат посебни нотификации за нивните објави. Исто така тие преку оваа апликација ќе можат да започнуваат Прашања и одговори во живо со своите фанови.

Апликацијата е во развој од минатата година и ќе биде достапна само за корисниците на iPhone. Најава за нејзина достапност за корисниците на Android нема, но се очекува проширување на достапноста барем во други земји.

Извор: The Verge, Facebook blog

Претходна статијаgoTenna: Испраќајте пораки без потреба од мобилен сигнал
Следна статијаAmazon го претстави Kindle Unlimited, сервис за книги со месечна претплата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.