Горната лента на Facebook мобилната апликација, односно долната на iOS, е составена од икони од посебните делови од мрежата, зависно од тоа кои најмногу ги користи корисникот. Истите и сега може да бидат тргнати, но тоа е се што може да се направи.
Од Facebook за подобро прилагодување на корисничкото искуство со нивната апликација, планираат да воведат повеќе опции за оваа лента. Со тоа корисниците ќе можат подобро да ја прилагодат својата апликација, зависно нивните потреби.
Со тоа од компанијата ќе ја воведат и можноста да се исклучат црвените точки кои означуваат дека има некакво известување, односно нешто ново во конкретниот дел од мрежата. Со исклучок на делот за известувања, кај другите делови ова може да биде прилично досадно и да го намалува позитивното корисничко искуство, а посебно за корисниците кои не сакаат да ги гледаат црвените точки, па притискаат на иконите само за да ги снема.

Исклучувањето на точките ќе може да се направи посебно за секоја икона, односно за секој дел. Покрај со подолго притискање на иконата, точките за известувања ќе може да се вклучуваат и исклучуваат преку посебно додаденото мени.
Промените прво ќе станат достапни на Facebook апликацијата на iOS, по што набрзо треба да бидат пуштени и за Android.