facebook-lifestage

Lifestage е нова апликација од Facebook која е наменета за лица до 21 година, односно во главно за средношколци. На истата може да се најават и постари лица, меѓутоа тие ќе бидат ограничени да може да го гледаат само својот профил.

Апликацијата, која моментално е достапна само за iOS, е направена со акцент на видео содржина. Корисниците наместо со текст, информациите за себе ги внесуваат преку видео кое стои објавено на нивниот профил.

Lifestage исто така е направена слично на почетоците на Facebook. Истата е достапна само во средните училишта, односно корисниците ќе може да ги гледаат своите соученици и луѓето во близина, но не и останатите корисници од други локации.

lifestage-screens

Покрај тоа, за да еден корисник може да ги гледа останатите корисници од неговото училиште, мора да се вклучени најмалку 20 корисници. Ова е добар начин за побрзо ширење на апликацијата преку „терање“ од страна на средношколците.

Оваа апликација се гледа како уште еден обид на Facebook да има релевантна мрежа за помладите корисници кои се смета дека се помалку го користат Facebook на сметка на апликациите како Snapchat.

Извор: TechCrunch, The Verge, App Store

Претходна статијаПроверете го најновото видео за екипажот на Wizz Air и приклучете се на тимот на Wizz
Следна статијаЗапочна официјалната надградба на Android 7.0 Nougat
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.