Facebook оваа недела најави неколку новини за нивната Messenger апликација кои се поврзани со приватноста и безбедноста на корисниците. Главната новина овозможува заклучување на апликацијата со што главниот екран е заматен и не може да се видат разговорите.
Отклучувањето се прави со користење на отисокот на прстот или со скенирање на лицето, зависно кој начин корисникот го користи за неговиот телефон, по што пораките стануваат достапни.
Оваа нова функција може да се вклучи преку прилагодувањата на Messenger до кои се стига со притискање на иконата со ликата од корисникот, па потоа на Privacy.

Овој дел ќе добие уште неколку новини, најавија од Facebook, поврзани со можноста за контактирање на корисниците, односно ќе може да се избере кој може да прати порака или да направи повик, кои пораки би оделе во „requests“, како и кој не може воопшто да оствари контакт со корисникот.
Од Facebook исто така најавија дека за во иднина работат на функција која ќе ги замати сликите во порака од некој кој не е во контакт листата на корисникот, односно не му е пријател на мрежата. Со тоа треба да се заштити корисникот од потенцијално неприфатливи слики за гледање.