Shutterstock.com

Темните теми се едни од најпопуларните делови од корисничкиот интерфејс, кај апликациите, но и генерално кај оперативните системи. Сите системи веќе имаат можност за вклучување на темна тема, а истото е случај и кај повеќето познати апликации, вклучувајќи ги и тие од Facebook.

Сепак, главната апликација од Facebook, уште нема темна тема, па остана меѓу ретките од најчесто користените апликации кои немаат ваква тема. Дури и новиот дизајн на мрежата на десктоп има можност за темна тема, па остана чудно зошто Facebook нивната главна апликација ја оставија последна.

Според информациите, тоа е случајот најверојатно поради огромниот број на активни корисници во светот кој се брои во милијарди, но без разлика на причината, темната тема за Facebook е скоро спремна.

Како што можеа да забележат повеќе корисници кои потоа излегоа на друштвените мрежи со информација, Facebook апликацијата добива можност за вклучување на темна тема. Ова за почеток се тестира кај ограничен број на корисници во светот, што значи нема сите веднаш да ја добијат новата тема, но секако значи дека целосното пуштање е скоро тука.

За да проверите дали можеби вие сте дел од тестот, темната тема можете да ја најдете со одење на трите линии во Facebook апликацијата, односно менито од апликацијата, па доле во делот Settings & Privacy. Во овој дел треба да е достапно ново копче едноставно наречена „Dark Mode“.

Facebook го има потврдено ова за SocialMediaToday, што значи дека тестот е официјален и може да се очекува наскоро пуштање за сите корисници. Кога ќе биде сепак тоа пуштање, уште не е познато, но веруваме дека ќе се случи за време на летото.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2SocialMediaToday
Претходна статијаApple нема да вклучува полнач и слушалки кај новите iPhone модели
Следна статијаНајава за можни три посебни настани од страна на Samsung во периодот што следи
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.