fb-slingshot-screens

Минатата недела Facebook ја претстави својата најнова мобилна апликација, конкуренција на Snapchat, наречена Slingshot. Со оваа апликација корисниците можат да си испраќаат слики, како и кратки видеа, на нив да цртаат, да додаваат текст и слично. Вклучена е и кај помладите корисници популарната можност за бришење на пораката после одреден период, со што таа нема да може да биде видена ни од нејзиниот примач.

Меѓутоа Slingshot работи на начин кој што е уникатен за оваа апликација и ја први различна од конкуренцијата. Испратената порака примачот нема да може да ја види, односно сликата ќе биде заматена, се додека не ви испрати повратна порака. Тоа значи дека Slingshot е апликација која што како услов за нејзино користење бара активност на двете страни.

Slingshot при нејзиното претставување беше достапна само за корисниците од САД, со најава дека во иднина ќе може да ја користат сите корисници. Никој не очекуваше дека тоа ќе се случи само после една недела, па така сега сите корисници можат да ја инсталираат и користат најновата апликација од Facebook. Достапна е за корисниците на Android и iOS оперативните системи, а можете да ја симнете преку следните линкови.

slingshot-android-qr

slingshot-ios-qr

Претходна статијаGoogle влегува во бизнисот на регистрирање на домени
Следна статијаYouTube со промени во системите за пораки и коментари
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.