facebook-android-notification-bar

Почнувајќи од минатата година, Facebook тестира нова функција за својата апликација на Android оперативниот систем. Истата ги вклучува трите познати копчиња кои што можете да ги видите без разлика од каде сте поврзани на Facebook, односно копчињата за добиени барања за пријателство, пораки и нотификации. Овие копчиња се исто така достапни на widget-от за овој оперативен систем. Во лентата за нотификации копчињата би стоеле константно, односно без разлика дали апликацијата има некоја нова нотификација или не. Нов додаток на оваа функција за оваа година е и вашата профил слика која што стои лево од трите копчиња. За корисниците кои што сепак не би сакале да ја гледаат ова лента, постои можноста за нејзино исклучување.

Функцијата е сеуште во тест фаза, па како и за други тест функции на кои што работи Facebook, така и оваа е овозможена на ограничен број на корисници избрани за нејзино тестирање. Дали и кога би била официјално вклучена за сите корисници нема информации, па останува и можноста истата никогаш да не ја помине тест фазата.

Извор: Engadget

Претходна статијаSkype за Android 4.7 ја штеди вашата батерија
Следна статијаУапсен поранешен вработен во Microsoft за издавање на тајни информации
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.