new-logo-vert-fit-f0bf05

Во мај оваа година Netflix претстави сопствен мерач на брзината на интернет конекцијата на корисникот. Прилично едноставен во споредба со познатиот speedtest.net, овој мерач автоматски почнува да ја мери брзината, нема избор на сервери (работи со серверите на Netflix), а има и наједноставен што може кориснички интерфејс.

Во основа, целта на Fast.com е да ја измери брзината на конекцијата на корисникот со серверите на Netflix, со цел да се добие претстава со каков квалитет би можела да се гледа содржината на сервисот.

Тоа значи дека Fast.com не е направен со цел да им конкурира на останатите мерачи на брзина, односно е само една алатка која ќе им овозможи подобри статистички податоци и на корисниците и на компанијата.

Screenshot_2016-08-10-12-39-51

Fast мерачот на брзина сега е достапен како мобилна апликација за Android и iOS, па сите активни корисници на Netflix ќе можат да ја тестираат својата конекција со Netflix и преку нивните мобилни уреди.

Апликацијата може да биде симната во соодветните продавници за апликации, односно преку следните линкови:

FAST Speed Test за Android

FAST Speed Test за iOS

Претходна статијаSamsung Galaxy Note 7 го сруши рекордот за преднарачка во Јужна Кореја
Следна статијаGoogle продолжува со тргањето на поддршката на Flash во Chrome во корист на HTML5
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.