Најновата верзија од Find My Device апликацијата од Google донесува нов дел кој е наменет за следење на контактите помеѓу себе. Во овој дел, наречен People, корисниците сега ќе можат да ги видат своите контакти кои ја споделуваат нивната локација со нив и обратно, односно контактите со кои корисникот ја споделува сопствената локација.
Ова е логичен додаток на апликацијата која досега беше наменета за следење на уредите на корисникот, како што се неговиот телефон, таблет компјутер, слушалки часовник и слично.
Корисноста на можноста за следење на контактите се гледа во можноста да се види кога некој има пристигнато од патување, па се до организирање на одредени собири, како и објаснување на пријателите како да стигнат некаде.
Find My Device како сервис започна минатата година и на корисниците им донесе понапреден начин за откривање на локацијата на нивните уреди. Оваа апликација ги користи сите Android уреди за да може да го пронајде уредот на корисникот, што значи за истото не е потребно корисникот да е во близина.
Споделување на локацијата со контактите досега беше можно преку Google Maps, па не е дека корисниците првпат ја добиваат оваа можност.