welcome-en

Од оваа недела достапна е 42-рата верзија од интернет прелистувачот Mozilla Firefox која што како и секогаш достапна е за сите платформи, односно на Windows, Linux, OS X и Android.

Оваа верзија донесува една нова функција која што треба значително да ја подобри контролата над приватноста при сурфање. Оваа нова функција е дел од досега достапната Private Browsing, на која што и додава дополнителни можности.

Досега, кога ќе вклучевте приватен таб, заштита на приватноста беше насочена кон локалните корисници, односно можноста некој кој што го користи истиот компјутер да види какви страни имате отворано. Заштита се правеше преку не зачувување на историјата на сурфање, колачињата и слично.

Tracking Protection додава заштита од трети страни при сурфањето, покрај локалните податоци. Тоа значи дека кога ќе вклучите приватен таб, сега Firefox ќе ве заштити и од рекламите кои што се појавуваат, тракерите за аналитика кои што доаѓаат со рекламите, како и од копчињата од социјалните мрежи кои што исто така ја следат вашата активност.

Поради ова, одредени веб страни кои што ги посетувате може да не работат како што би требало, меѓутоа приватното сурфање и не е наменето за секојдневна употреба, односно со сите веб страни кои што ги отворате.

Се разбира, ова е само заштита од еден слој од загрозувачите на приватноста на интернет, но не значи дека вашето сурфање е целосно анонимно, нешто што е скоро и невозможно во денешно време.

Оваа нова функција е достапна за сите платформи каде што е достапен Firefox, па ќе можете да ги отворате страните кои што сакате без грижа од масовно следење.

Firefox 42 исто така воведува и нов контролен центар кој што содржи контроли за безбедност и приватност, па може да се каже дека овој прелистувач повторно се враќа на позицијата која што отсекогаш била негова, а тоа е прелистувач кој што најмногу се грижи за вашата приватност.

Целосната листа на промени на Firefox 42 за десктоп можете да ја погледнете на следниот линк, како и на мобилен на следниот.

Новата верзија веќе е достапна на сите платформи, па доколку сте корисник можете да го надградите вашиот прелистувач или доколку го користите попопуларниот Chrome, можете повторно да го инсталирате Firefox преку следниот линк.

Извор: Mozilla Blog, The Verge, TNW

Претходна статијаViber отвори јавен чет за македонскиот бренд AllWeb
Следна статијаАналитичар: Samsung ќе се повлече од пазарот на паметни телефони за пет години
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.