firefox-iphone-white.6f956912f3a9

После подолго време на исклучување на можноста Mozilla да претстави верзија од својот прелистувач за iOS платформата, поради нејзините ограничувања, сепак оваа година беше најавено дека Firefox ќе биде достапен за овие корисници.

Развојот на прелистувачот може да се следи преку блоговите на Mozilla, а најавени беа и неколку тест верзии за ограничен број на корисници.

Од оваа недела Firefox за првпат ќе биде јавно достапен за корисниците да можат да го тестираат. Се работи за Preview верзија која што интересно на почеток ќе биде достапна само за корисниците во Нов Зеланд.

Причината за ова е раната фаза од развојот на прелистувачот кој што уште не е спремен за масовно користење. Повратните информации кои што ќе се собираат од Нов Зеланд ќе придонесат за доразвивање на прелистувачот, а пуштање во остатокот од светот се најавува за до крајот на годината.

firefox-ios-screens

Инаку, Firefox доаѓа со карактеристичниот кориснички интерфејс кој што се користи на Android мобилните, со одредени прилагодувања за iOS. Оваа верзија вклучува можност за добивање на предлози при пребарување со избраниот пребарувач, Sync сервисот, како и визуелно прикажување на отворените табови.

Извор: Mozilla, The Verge, TechCrunch

Претходна статијаAcer Revo Build е иновативен модуларен компјутер
Следна статијаСнимка од дрон која покажува до каде е развојот на новото седиште на Apple
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.