Една од подобрите функции на Firefox, кои беа карактеристични за овој прелистувач порано, повторно се враќа. Firefox на Android до крајот на годината повторно ќе има поддршка за додатоци, а точната дата на достапност од Mozilla ќе ја објават идниот месец.
Поддршката за додатоци од Firefox на Android беше тргната во 2020 година, по претставувањето на големиот редизајн на прелистувачот, од корисничкиот интерфејс, па се од кодот на апликацијата.
Најавата за оваа новина Mozilla ја објави со упатство за програмерите, како да ги прилагодат своите додатоци да можат да функционираат на Androdi верзијата од прелистувачот.
Тоа значи дека нема да мора да се прават целосно нови додатоци, па програмерите ќе можат да го искористат кодот од постојните и да направат одредени прилагодувања.
Со ова, Firefox повторно ќе биде единствениот прелистувач од најпознатите кој на корисниците на мобилните им нуди можност да ги користат своите додатоци од десктоп.