Mozilla_Firefox_logo_2013.svg

Оваа недела Mozilla ја пушти верзија 38.0.5 од нивниот Firefox прелистувач и до некаде нестандардно за досегашното брзо пуштање на верзии, оваа помала верзија вклучува неколку интересни новости.

Првата и според мене навистина корисна е вградувањето на Pocket додатокот во самиот прелистувач. За тие кои што го користат Pocket, зачувувањето на страните сега ќе биде многу побрзо за разлика од тоа кога се правеше преку интеграција во сервисите на прелистувачот. Најавувањето на Pocket останува со вашата креирана сметка, а може да се најавите и со Firefox сметката, доколку сте нов корисник.

Копчето од Pocket се наоѓа во делот кај што се и другите неистакнати копчиња до кои што се доаѓа преку притискање на Customize опцијата од менито. Потоа копчето можете да го ставите на кој сакате дел од прелистувачот, односно во главното мени или на лентата.

Новата верзија исто така вклучува можност за споделување на екранот од компјутерот при видео разговорите преку Hello сервисот за разговори. Споделувањето поддржува табови од прелистувачот или целиот прозор од одредена апликација при разговорот.

Firefox Hello е сервис за разговори кој што беше претставен пред неколку верзии кој што работи на WebRTC протоколот кој што нема потреба од инсталирање на додатоци и апликации на компјутерот, односно целосно работи преку интернет прелистувачот.

Уште еден исто така корисен и интересен додаток е прегледот за читање, односно Reader View. Веќе познат за повеќето корисници, овој поглед овозможува читање на статии без притоа да ви пречат рекламите и другите делови од страната, прикажувајќи го само нејзиниот текст.

Веб страните кои што се компатибилни со Reader View ќе имаат додадено мала икона во лентата за адреси која што ќе треба да ја притиснете за да го видите само текстот.

Во бета верзијата од прелистувачот заедно со оваа функција беше додадена и листа за читање која што очигледно е заменета со Pocket.

Официјалната листа на промени во Firefox 38.0.5 можете да ја видите на следниот линк.

Извор: Mozilla, TechCrunch

Претходна статијаAcer Liquid X2 e евтин Android телефон со огромна батерија
Следна статијаWindows 10 ќе може да биде реинсталиран на истиот уред во било кое време
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.