firefox-ios-f

Firefox прелистувачот конечно после долг период на тестирање е достапен за корисниците на iOS, поточно на iPhone, iPad и iPod Touch кои работат на iOS 8.2 или понова верзија.

Причината за доцнењето на Mozilla на оваа платформа е политиката на Apple дека сите заинтересирани да развијат прелистувач за нивната мобилна платформа, мора да ја користат нивната стандардна технологија за прелистувачи, односно таа што се користи за Safari, наместо сопствена.

Mozilla во Firefox користи сопствена технологија, па долго време одбиваше да го донесе прелистувачот на оваа платформа поради политиката на Apple. Тие сметаа дека корисниците сепак можат да го добијат најдоброто Firefox искуство доколку се користи нивната технологија која што ја користат на другите платформи.

Сепак, најверојатно конкуренцијата си го прави своето, па со губењето на првото место на пазарот за интернет прелистувачи, Mozilla се одлучи да го донесе Firefox на iOS и да ја користи технологијата од оваа платформа.

Тоа значи дека брзината и стабилноста на сурфање, односно генералното искуство на корисниците ќе биде скоро исто како и на другите прелистувачи достапни на iOS, а првите тестови токму и тоа го заклучуваат.

Тогаш се поставува прашањето зошто некој би сакал да го користи Firefox, а и било кој друг прелистувач кој што не е Safari. Одговорот е едноставен, односно дека без разлика на технологијата, секој од овие прелистувачи нуди свои уникатни карактеристики и функции.

Па така, фановите на Firefox, ќе можат да користат прелистувач со кориснички интерфејс на кој што се научени на другите платформи. Исто така, Firefox за iOS овозможува целосна синхронизирање на омилените страни, лозинки, историја на сурфање и слично, па корисниците ќе можат да ја добијат предноста која што ја нуди денеска „облакот“.

Firefox за iOS исто така доаѓа и со поддршка за паметно пребарување, односно пребарување со предлози и избор од повеќе пребарувачи. Корисниците на iOS 9 ја добиваат и функцијата на приватно сурфање кое што сепак не доаѓа со Tracking Protection како на другите платформи.

Firefox е достапен во продавницата за апликации и можете да го симнете преку следниот линк.

Симни го Mozilla Firefox за iOS

Извор: TechCrunch, Engadget

Претходна статија3RDi – Потенцијално иритантно трето око на вашето чело
Следна статијаВИ може да предизвика масивна невработеност и нееднаквост
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.