Една од најинтересните можности на старата Foursquare апликација беше можноста за станување на градоначалник (mayor) на местата каде што често се чекирате. Ова на еден начин чекирањето го направи поинтересно, еден вид на игра која што активните корисници направи да се натпреваруваат со другите во своите омилени места.
Сигурно се сеќавате, доколку редовното одите на одредено место и имате најголем број на чекирања, станувате градоначалник на тоа место. Се разбира, ова е само титула која што ја добивате во апликацијата и не ви овозможува било какви работи на местото.
Оваа можност беше тргната од Swarm, апликацијата која што беше издвоена од Foursquare наменета само за чекирање. Поради барање на можноста од страна на корисниците, од компанијата најавија дека истата ќе биде вратена.
Mayors на Swarm од оваа недела е официјално достапна во апликацијата, па корисниците повторно ќе можат да го вратат овој интересен дел од чекирањето.
Како градоначалник на одредено место се смета личноста која што најмногу пати се има чекирано на тоа место во изминатите 30 дена. Повеќе чекирања во еден ден не се бројат, односно се бројат како едно за тој ден. Доколку со друг корисник имате ист број на чекирања на одредено место, градоначалник ќе биде оној кој што веќе бил во тој момент.
Swarm е веќе надградена за Android и iOS, а нема најава кога тоа ќе биде случајот со Windows Phone верзијата. Сепак, доколку се земе во предвид досегашното искуство, корисниците на Windows Phone ќе причекаат до крајот на летото.
Извор: Foursquare