Познатата апликација Geekbench официјално ја доби својата верзија наменета за тестирање на способностите на уредите во делот на машинско учење и длабоко учење. Поради популарноста на терминот, апликацијата едноставно се нарекува Geekbench AI, па корисниците можат да гледаат на оваа верзија како таква за мерење на способноста на нивните уреди во извршување на задачите од вештачката интелигенција. 

Geekbench AI 1.0 се смета како наследник на тест апликацијата Geekbench ML, а им е достапна на сите корисници на повеќето платформи, односно на Windows, macOS и Linux, како и на Android и iOS. Својата верзија можете да ја изберете преку оваа страна.

Од компанијата истакнуваат дека мерењето на перформансите на уредите за било која цел не е едноставна работа, па веруваат дека со тек на време тоа ќе стане полесно и подиректно. 

Резултатите од апликацијата се прикажани со три различни мерки, па програмерите и инженерите би требало да ги добијат саканите информации. 

Geekbench AI е наменета за сите видови на корисниците, од програмерите и инженерите, па се до обичните корисниците кои сакаат да направат споредба на нивниот уред, а и да ги видат резултатите при одлуката за купување. 

ИЗВОРGeekbench
Претходна статијаМакедонските ученици со одлични резултати на светските натпревари Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional во Анахејм, Калифорнија
Следна статијаКорисниците ќе можат да ја продолжат поддршката за Manifest V2 екстензиите до идниот јуни
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.