gmail-ios

Gmail апликацијата е дефинитивно една од најкорисните за корисниците на email сервисот од Google. Истата сепак најдобро искуство нуди на Android оперативниот систем, што сепак не е толку неочекувано. Со најновата верзија оваа апликација во својата iOS верзија донесува две корисни подобрувања кои што ќе ја направат многу покорисна и лесна за користење.

Поточно се работи за воведување на поддршката за користење на Background App Refresh функцијата на iOS која што овозможува апликациите да се освежуваат (refresh) во позадина. Тоа значи дека сега кога ќе ја отворите Gmail апликацијата сите нови пораки ќе бидат веќе симнати и прикажани во листата. Претходно беше потребно отворање на апликацијата, по што следеше нејзино освежување и прикажување на новите пораки. Да биде јасно, во случајот не збориме за можноста за известување за нови пораки, односно поддршката за системот за нотификации, туку за можноста и самата апликацијата да ја освежи листата со пораки, кога нова порака ќе биде пристигната. За оваа функција да работи потребно е да ја користите најновата верзија од оперативниот систем, односно iOS 7.

Исто така со оваа верзија воведена е и поддршка за најавување на сите Google апликации преку најавување на една од нив. Ова значи дека доколку користите повеќе Google апликации, како Gmail, Maps, Drive, YouTube или Chrome, веќе не е потребно најавување на секоја од нив посебно, туку ако се најавите на една од нив, ќе бидете најавени автоматски и на другите Google апликации.

Извор: Gmail Blog

Претходна статијаYahoo ја трга можноста за најавување со Facebook и Google ID
Следна статијаMicrosoft спрема HDMI уред со Miracast поддршка
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.