Од оваа недела достапна е нова верзија од најпопуларниот интернет прелистувач Google Chrome. Поради системот на чести надградби и користење на главните бројки од верзијата, не секогаш нова и поголема бројка значи посебно истакнати новини.
Па така, Google Chrome 41 е надградба на прелистувачот која што во главно се темели на подобрување на сигурноста на прелистувачот, како и овозможување на нови и подобри алатки и функции за програмерите.
Најновата верзија од Chrome иако не донесува нови кориснички функции, вклучува 51 сигурносна исправка која што е доволна причина за нејзино инсталирање. Голем дел од исправките се пријавени од разни програмери низ светот, за што Google исплаќа соодветни парични награди за нивно откривање.
Google Chrome 41 е достапен за надградба на сите десктоп платформи, односно на Windows, Linux и OS X. Може да го симнете преку следниот линк или да го надградите преку вградената функција за таа намена.
Извор: Google