Google оваа недела ја пушти 85-тата верзија од Chrome прелистувачот и истата донесува неколку новини кои сигурно ќе им се погодат на понапредните корисници, односно тие кои се навикнати да функционираат со многу отворени табови.

Главната новина беше пуштена во минатата верзија од Chrome, но не за сите, па од оваа верзија им станува достапна на сите корисници. Се работи за можноста за групирање на табовите, односно „tab groups“, со што се добива подобра прегледност на големиот број на отворени табови.

Од оваа недела tab groups добива и нова можност, а тоа е намалување на табовите во групата, што е предност за ситуации кога одредени табови се отворени, но се планира да се отворат подоцна.

Инаку, креирањето на група се прави со притискање со десното копче од глувчето врз било кој таб, каде е достапен изборот „Add tab to new group“. Групите може да им се менуваат боите, а исто така може да бидат означени со наслов.

Chrome 85 исто така добива и подобрување во перформансите, па од Google истакнуваат дека корисниците може да очекуваат 10% побрзо отворање на страните. Тоа е постигнато со новата функција наречена Profile Guided Optimization, а за истата, како и за функцијата која ќе стане достапна од наредната верзија која ќе го одложува отворањето на заднинските табови, можете да прочитате тука.

Корисниците на таблет компјутери добиваат нов изглед на табовите повеќе погодни за користење на екран на допир. Оваа новина прво ќе биде пуштена за Chrome OS, по што може да се очекува и на другите платформи.

Google Chrome 85 исто така добива подобрување во работата со PDF документи и во можноста за споделување на линкови. На Android при пребарување, ќе бидат прикажувани и отворени табови, со што полесно ќе може да се префлат корисниците на нив.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаSoMo Borac оваа година за прв пат во онлајн издание
Следна статијаЛетување од дома – искористете го одморот за истражување на најблиското опкружување
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.