Во кодот од Google Chrome за Android апликацијата „се крие“ информација за можна нова функција која би ја добил овој прелистувач. Засега се верува дека оваа новина ќе биде достапна само на Android верзијата од Chrome, а истото може да се очекува најрано со верзијата 125, односно во мај.
Новата функција во кодот е наречена „Tab Declutter“ и од самото име може да се заклучи за што се работи. Истата ќе биде доста корисна за корисниците кои имаат навика да отвораат голем број на „табови“ и да не ги затвораат.
Tab Declutter се верува дека ќе овозможи нешто во правец на автоматско „архивирање“ на табовите кои не биле користени одреден период. Корисниците потоа ќе можат да ги видат овие табови и да изберат сите да биде затворени.
Со ова бројот на активни и отворени табови би се намалил, а со тоа корисниците би добиле доста подобра прегледност на отворените страни, но и намалување на потрошувачката на ресурси која ја има апликацијата.
Дека сепак се работи за новина откриена во кодот на Chrome, не може да се знаат точните детали за тоа како ќе функционира оваа функција. Ќе мора да почекаме кога истата ќе биде официјално достапна, а тоа воопшто се случи.