Веќе неколку пати пишувавме за Chrome Apps, апликации кој што покрај во прелистувачот имаат можност да работат и на вашиот десктоп, користејќи ги ресурсите на компјутерот како локалните апликации, а наскоро и на Android и iOS уредите. Chrome Apps за десктоп се достапни на Windows и OS X, а за нивното работење потребен е Chrome прелистувачот.
Поточно кога ќе вклучите некоја од овие десктоп апликации, Chrome прелистувачот можеби нема да го видите вклучен, меѓутоа неговиот процес е вклучен во позадина и без него апликацијата не може да работи. Порталот The Next Web има дојдено до серија на експериментални кодови од кои што може да се види дека Google работи на овозможување Chrome десктоп апликациите да работат само со оние елементи од Chrome прелистувачот што се неопходни за тие да може да работат. Така наместо целосно вклучување на прелистувачот ќе работат само одредени делови, со што ќе се намали користењето на ресурсите кои што апликациите ги користат.
Оваа информација не е потврдена официјално од страна на Google, па не е сигурно дали и кога би била имплементирана. Можна е имплементација прво во Chrome OS кој што и така е наменет за уреди со послаб хардвер.