Google Chrome Apps за десктоп се апликации кои што ги инсталирате преку Chrome прелистувачот, меѓутоа за разлика од стандардните Chrome апликации кои што претставуваат web апликации, овие се инсталираат како било која друга апликацијата на компјутерот, работат без интернет конекција, имаат пристап до ресурсите на компјутерот. Истите кога првпат беа претставени беа достапни само на Windows, па од денес истите може да бидат инсталирани и на OS X оперативниот систем, односно на Mac компјутерите.
Кога ќе ја инсталирате првата апликација, автоматски на Launcher-от се додава Google Chrome Apps Launcher, преку кој што можете да пристапите до сите инсталирани апликации на Chrome преку него. Листата на апликации за десктоп сеуште е мала, а истата можете да ја погледнете во Chrome Web Store на следниот линк.