Во рамките на Google Cloud Next настанот, од компанијата претставија платена верзија од бизнис верзијата на Chrome, односно новата Chrome Enterprise Premium.
Бизнис верзијата ќе остане бесплатна како и досега, а ќе биде наречена Chrome Enterprise Core, додека за новата Premium верзија компаниите ќе треба да платат по 6 долари од корисник месечно, доколку сметаат дека им се потребни дополнителните функции.
Chrome Enterprise веќе овозможува дополнителни функции од стандардната верзија, како што се менаџирање преку „облакот“, посебни функции за безбедност и менаџирање на екстензиите, основна заштита од малициозен софтвер и слично.
Premium верзијата додава нови функции кои вклучуваат длабоко скенирање за малициозен софтвер, филтрирање на линковите врз основа на категории на страни, заштита од губење на податоци и слично.
Доколку сте корисник на Chrome Enterprise и би ве интересирале деталите околу новата Premium верзија, Google ги објаснува новините во оваа објава.