Google Chrome е најкористениот интернет прелистувач на пазарот, но исто така тој е познат и по користењето на многу RAM меморија, а посебно при отворени поголем број на „табови“ од страна на корисникот.

Ова е нешто што изгледа конечно ќе се стави под контрола, а благодарение на промените кои ги направи Microsoft во најновата верзија од Windows 10. Од компанијата веќе излегоа да ја прикажат оваа промена која ќе се искористи за намалување на потрошувачката на RAM од страна на Edge за дури 27% во одредени ситуации.

Промената која е дел од Windows 10 May 2020 Update, може да ја искористат сите програмери за да ги прилагодат своите апликации за овој оперативен систем, а најверојатно и благодарение на тоа што Microsoft сега придонесува на Chromium проектот, овие промени ќе стигнат и кај Chrome многу побрзо.

Ова уште не е официјално најавено, па поради тоа и не се знае точно со која верзија може да се очекува, но корисниците можат да бидат сигурни дека некоја од наредните верзии од нивниот Chrome прелистувач ќе почнат да користат значително помала количина од нивниот RAM.

Според некои тестирања, оваа разлика наводно може да стигне и до стотици гигабајти RAM, што секако прави огромна разлика за тие кои немаат многу на својот компјутер или тие кои сакаат да отвораат голем број на табови.  

ИЗВОРEngadget
Претходна статија„Побарај совет “- прва интернет платформа за правна помош за жени кои претрпеле семејно насилство
Следна статијаКорисниците на Windows 10 верзија 1809 ќе мора да ја инсталираат најновата верзија од оперативниот систем
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.