Додека се чека поголема интеграција на генеративната вештачка интелигенција, односно Gemini, во Google Chrome, овој прелистувач доби големо подобрување на начинот на кој функционира лентата за адреси, односно „omnibox“ лентата, како што се нарекува. 

Google најави дека после подолго време без посериозни промени во начинот на функционирање на лентата, како и функционирање на основа на класичен код, истата сега добива машинско учење. 

Со ова се овозможува многу подобро прилагодување на начинот на користење на лентата од страна на корисникот, односно лентата сега може да се прилагоди на навиките од корисникот. 

Од Google даваат и пример за која е предноста од користење на машинското учење, а тоа го истакнуваат и како мало изненадување на нив. Откритието е нешто што досега не им текнало, а доколку не почнеле официјално да користат машинско учење, тие би го вклучиле ова во самиот код. 

Конкретно се работи за ситуациите кога корисникот ќе внесе некоја адреса во лентата и веднаш потоа ќе внесе нова. Заклучокот на машинското учење е дека првата адреса не е таа што корисникот сакал да ја отвори, па истата сега ќе добие помали „поени“, начинот на којшто функционира оваа лента. 

Ова е само почетокот, може да се заклучи од објавата на Google, па во иднина може да се очекуваат уште новини поврзани со можноста на Chrome да ги предвиди потребите на корисникот.

Подобрувањето со машинско учење е дел од 124 верзијата од Chrome, односно моменталната верзија, а како и секогаш, не сите корисници можат веднаш да очекуваат да има биде достапна веднаш.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2XDA Developers
Претходна статијаНеверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија
Следна статијаKnox приказни: Уморни сте од туѓото ѕиркање во Вашите лични податоци? Еве како да го спречите тоа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.